Дали сте слушнале за чудовиштната леплива состојка наречена плак?

Грижата за здравјето на запчињата започнува уште од раѓање. Оваа грижа го вклучува начинот на исхрана, редовната, темелна и правилна хигиена, како и редовни стоматолошки прегледи. Но, дури и во случаите кога се обрнува најголема грижа за насмевката се појавува скриен плак. Плакот се формира на површината на забите и во најголема мера е производ на храната што ја јаде детето, како и пијалаците што ги консумира. Тој се создава во поголем обем доколку почесто се јаде кашеста, мека и леплива храна, како и пијалаци богати со шеќери.

Што можат да предизвикаат „чудовиштата“ што се наоѓаат во плакот?

„Чудовиштата“ залепени на запчињата се всушност разни остатоци од храна и бактерии. Тие треба темелно да се отстранат, инаку лесно можат да предизвикаат кариес. Редовните стоматолошки контроли и темелното четкање се исклучително важни особено во периодот кога кај децата раснат првите млади трајни заби. Овие заби имаат длабоки бразди, а со тоа и поголема тенденција кон задржување на плак. Колку е поголемо количеството на насобран плак, толку се зголемува ризикот од појава на кариес. Но, за жал, плакот покрај појава од кариес може да предизвика и воспаление на непцата.

Што е потребно за да се добие битката со чудовиштниот плак?

За детенцето да ја добие битката со „чудовиштата“ што се лепат на запчињата, потребни ви се овие основни елементи:

* Паста и четка

Lacalut baby 0-4 е паста наменета за најмалите дечиња до четиригодишна возраст, која ги заштитува млечните заби од кариес. Во својот состав содржи 250 ppm аминфлуорид, што е сосема доволна концентрација за оваа возраст. Голтањето на пастата е сосема безопасно.

Комбинирајте со Lacalut baby детската четка за заби за максимални резултати. Оваа четкичка е наменета за дечиња до 4 години, затоа што има мала глава обложена со мека гума за заштита од повреди при невешто миење на забите.

Lacalut kids 4-8 е паста наменета за деца од 4-8 години со мешовита дентиција, период во кој се одвива замена на млечните со трајни заби. Пастата содржи 500 ppm аминфлуорид, идеална концентрација која овозможува формирање на цврст заштитен слој на површината на забите.

Комбинирајте со Lacalut 4+ детската четка за заби, која има специјални влакна со тенки врвови за отстранување на плакот и од најнедостапните места.

Lacalut teens 8+ е паста за деца над 8 години, која овозможува двојна заштита и реминерализација на младите трајни заби, благодарение на аминфлуоридот и натриум флуоридот во оптимална концентрација од 1400 ppm.

* KIDS ПЛАК ТЕСТ

LACALUT KIDS ПЛАК ТЕСТ се употребува пред четкањето на забите. Усната празнина прво се плакне со 10 ml раствор кој потоа се плука, без плакнење со вода. Растворот го пребојува забниот плак во сина боја, така што тој станува видлив, лесно се детектира и поефикасно може да се отстрани со паста и четка.

Овој тест доаѓа ГРАТИС во СПЕЦИЈАЛНОТО ПАКУВАЊЕ Lacalut за возраст од 4-8 и 8+.

Како да се спротивставите на чудовиштниот плак?

Во битката со плакот, мошне важно е правилното и темелно четкање на забите. Со миење на забите треба да се почне веднаш по никнување на првото запче (тоа најчесто е околу шестиот и седмиот месец). Се разбира, за тоа треба да се одбере соодветна паста и четка.

Доколку сте во процес на едукација и осамостојување на детето за практикување на орална хигиена, првата лекција е да го научите како правилно да ги четка забите за да ги отстрани сите остатоци од храна. Редовната хигиена ќе придонесе да стекне здрави навики и секако ќе придонесе да има здрава насмевка.

Правилно четкање на запчињата – најважен сојузник во битката со плакот

Секое детенце не е исто, токму затоа треба различно да му се пристапи при едукација за правилна орална хигиена. Важно е внимателно и постепено да му ги всадите навиките за миење на забите. Со миење на забите треба да се почне веднаш по никнување на првото запче (тоа најчесто се случува околу 6-7 месец). Се разбира, за тоа треба да се одбере соодветна паста и четка.

Во почетокот, за хигиена на запчињата можете да искористите чепкалка за уши, за да не се повредат меките ткива, а потоа да воведете четкичка за заби, по можност со гумена глава и меки влакна. За правилна техника на четкање на забите најдобар совет ќе ви даде стоматологот.

Ова се чекорите што треба да ги следите секојдневно за вашето дете да има здрава насмевка:

  1. Забите треба да се мијат најмалку два пати дневно (наутро и навечер), но најдобро после секој оброк.
  2. Научете го правилно да ги четка забите. Четката се мести под агол од 45 степени и особено е важно да се исчетка делот каде се спојуваат забот и непцето. При четкањето се користат кружни движења.
  3. Временскиот период на четкање на забите треба да трае две до три минути.

 

Што треба да се јаде, а што да се избегнува?

Незалудно се вели дека здравјето почнува од устата. Ова особено се потврдува кога станува збор за плакот и правилно одржување на оралната хигиена - поточно постојат  намирници кои се корисни и придонесуваат за здравјето на забите и устата. Таква е храната која бара посилно џвакање и со тоа овозможува самочистење на усната празнина (сирово овошје и зеленчук), како и мешункасти производи (грав, грашок, зелка, прокељ, карфиол како извори на витамини и минерали).

Храна која не го намалува pH (односно не ја зголемува киселоста) во устата и не влијае на настанувањето на кариесот вклучува јајца, месо, риба, повеќето од зеленчукот, масло за јадење, марагарин, путер и семки. Токму поради ваквата способност, овие намирници се препорачува да се јадат на крај од оброкот или во комбинација со храна богата со ферментабилни јаглехидрати (скроб). На пример, бананата во комбинација со житарките и млекото или крекери во комбинација со сирење, имаат значајно помал потенцијал за создавање кариес, отколку кога бананата и крекерите би се јаделе самостојно.

Кога се работи за исхраната кај децата, треба да внимавате на скриените шеќери. На пример, конзервирана храна, кечап и други слични продукти кои го содржат шеќерот во својот состав како конзерванс го загрозуваат оралното здравје. Особено внимание е потребно за храната која е богата со комплексни јаглехидрати (скроб), а која е особено „леплива” – како што се смоки, печива и тестенини.

Што се однесува до течностите, најдобар пијалак е водата.

Кратки, но значајни совети за битката против плакот

  • Четката задолжително менувајте ја на три месеци. Со тек на време, влакненцата се абат, а тоа значи дека не го отстрануваат плакот.
  • Запчињата задолжително треба да се мијат две минути.
  • Запчињата се мијат минимум два пати во денот.
  • Намалете ги грицките. Токму тие најчесто се лепат за забите на вашето дете.
  • Користете паста што содржи флуор. Флуорот е микроелемент кој има докажано полезно дејство во заштитата од кариес и е исклучително важен за цврстината на емајлот кај млечните и кај трајните заби.
  • Посетувајте го стоматологот на редовни контроли – најмалку два пати годишно.